Политика за приватност на Опсерваторијата за социјално претприемништво
Услугите кои Ви ги нуди www.seobservatory.org се состојат во собирање податоци и други информации поврзани со социјалното претприемништво во Југоисточна Европа, а кои се од посебен интерес за претприемачите, иноваторите, социјалните претприемачи и претпријатија, образовните институции, носителите на одлуки и политики, граѓанското општество, бизнисите, студентите, корисниците и потенцијалните корисници на услуги и производи од социјалните претпријатија, како и од интерес за општата јавност.
Преку креирање на оваа Опсерваторија за социјално претприемништво (ОСП), целиме кон унапредување на развојот на социјалното претприемништво и подигнување на видливоста на социјалните претприемачи и претпријатија. Исто така, ние ја нудиме ОСП како платформа за соработка и вмрежување.
Дистрибуцијата на сите податоци се одвива преку www.seobservatory.org. Политиката на приватност на ОСП е составен дел од нашата постојана грижа за корисниците. Политиката е креирана за да се обезбеди заштита на личните податоци на корисниците на оваа веб-страница. ОСП е сериозно посветена на заштитата на приватноста односно на заштитата на личните податоци на корисниците на веб-страницата. Ние сакаме да се обезбедиме дека во потполност сте ги разбрале условите и термините во однос на користењето и употребата на информациите. Внимателно прочитајте ги информациите кои се однесуваат на Политиката на приватност. Вашето пристапување и користење на веб-страницата за нас значи прифаќање на ваквата политика на приватност и на секоја промена или измена на политиката поединечно. Доколку не ја прифаќате нашата Политика на приватност и не се согласувате со условите за користење на нашата страница и информациите што се содржани, Ве молиме да не пристапувате и да не ја користите нашата веб-страница. За повеќе информации за условите за нејзиното користење видете во Условите за користење на ОСП.
Информации кои се собираат и користење на собраните информации
Лични информации
При користењето на нашите услуги од Вас може да се побараат информации за идентификација: име и презиме, пол и датум на раѓање, место на живеење, корисничко име и лозинка како и е-меил адреса за контакт кои треба да ги внесете во текот на првичниот процес на пристап/регистрација како корисник на веб-страницата. Овој процес на регистрирање е доброволен, така што Вие како корисници се определувате дали податокот ќе го внесете во базата на ОСП. Вие може да ја користите нашата веб-страница и без да се регистрирате, но притоа одредени содржини, нема да Ви бидат достапни. Наша примарна цел е внесените лични податоци да послужат за да Ви се даде соодветна информација според Вашите потреби (по Ваша мера) како на пример: новости, алатки, ресурси, мрежи, политики, научни трудови, координација, научни истражувања, видливост, потреби, градење на капацитети и други потреби кои најмногу одговараат на потребата на Вашето пребарување.
Личните идентификациски податоци што се добиени од Вас, може да ги употребиме за испраќање на пораки до Вас, или за приспособување на специфични информации кои најмногу одговараат на Вашиот интерес и потреби. Преку анализата на личните информации и искажаните интереси и потреби од Вас, ја унапредуваме и подобруваме понудата која Ви е потребна. Во случај на потреба, ние ќе продуцираме само збирни (сумирани) податоци кои не може никако да бидат поврзани со определено лице. Овие информации не се поврзуваат со личните податоци кои ги давате при користењето на веб-страницата. Ништо нема да биде преуредувано, дистрибуирано, објавувано или упатувано, освен на Ваше барање, како и во случај согласно со законите на Република Северна Македонија. Во случај на спојување или преземање на нашето друштво од друго друштво, Вашите лични идентификациски податоци ќе ги преземе новиот деловен следбеник, но под условите на Политиката на приватност. Личните идентификациски податоци ОСП може да ги сподели и со надлежните служби и по судски налог, како и во други случаи утврдени во позитивните закони.
Нелични идентификувачки информации
ОСП, исто така, собира и информации кои не се лични, но можат да бидат идентификувачки како што се ИП адреси или локацијата на Вашиот компјутер на интернет, број на посети, кој интернет пребарувач се користи, просечно време поминато на страницата. Овие информации ние ги користиме за администрација на системите и за решавање на проблемите, за подобрување на содржината и изгледот на веб-страницата, како и за давање на збирни информации на огласувачите и на останатите партнери. Ние може да откриеме нелични податоци во збирна форма на трети лица или огласувачи, на начин на кој Вие не можете да бидете идентификувани, односно да се откријат демографски податоци. На пример, ОСП може да сподели со огласувачот одредени демографски податоци како колку мажи, жени од различни возрасни групи, градови или држави на возраст помеѓу 25 и 35 години ја посетиле веб-страницата во одреден период. Овде се работи за наши податоци кои се статистички обработени. Ние редовно ќе ја подобруваме веб-страницата за потребите на нашите корисници, за да Ви обезбедиме информации за услугите за кои сте заинтересирани, во зависност од Вашите лични интереси соодветни на Вашата моментална потреба. Според тоа, наша цел е да им дозволиме на огласувачите, како и на нивните партнери, кои нудат производи или услуги за кои ние сметаме дека се интересни за корисниците на веб-страницата, да им достават релевантни информации и понуди на корисниците.
Следење на податоците
Делови од информациите се складираат во софтверот на интернет пребарувачот на Вашиот компјутер или привремено се чуваат во меморијата на Вашиот компјутер преку Cookies. Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на Вашиот диск и кои можат да зачуваат секаков вид информации наведени погоре. ОСП може да испраќа и презема Cookies на Вашиот компјутер. Со поставувањето на Cookies Вие ù овозможувате на нашата веб-страница да го препознае Вашиот компјутер кога следниот пат ќе нè посетите така што соодветно можеме да го приспособиме искуството на корисникот со веб-страницата. На пример, ОСП употребува Cookies за да го препознае корисникот, за да ја следи употребата на веб-страницата, кои други страници сте ги посетиле, кои линкови сте ги користеле, да додава информации за производи и услуги од интерес базирани на Вашите потреби врз основа на информациите кои сте ги дале или сте ги внеле преку Вашите активности, како и да процени колку посетители има веб-страницата. Овие информации ни помагаат да создадеме ново искуство или да го надградиме постојното што е прифатливо за сите посетители на нашата веб-страница. ОСП, исто така, употребува Cookies за да чува кориснички имиња и лозинки кои се даваат при регистрацијата. Ако ОСП употребува Cookies во врска со собирањето на податоци за огласувачите, односниот огласувач може да добие електронско известување кога еден корисник ќе го отвори неговиот оглас. ОСП може да користи и други огласувачи на мрежи на трети лица за да стави огласи на веб-страницата, а може да користи и услуги за мерење и анализа на нејзината посетеност. Агенциите-огласувачи се трети лица кои прикажуваат огласи врз основа на Вашите посети на веб-страницата, а кои ќе се базираат на информации кои Вие сте ги поднеле или се извлечени преку Вашите активности на неа. Огласите од трети лица ги насочуваме кон Вас за производи и услуги кои може да Ве интересираат. Иако огласувачите и другите компании немаат пристап до Cookies кои ги остава веб-страницата, мрежниот провајдер на рекламите од трети лица на оваа страница, огласувачите, спонзорите, и/или услугите за мерење на посетеноста можат самите да се стават и да пристапат до своите Cookies, само доколку на Вашиот компјутер е овозможено оставањето на Cookies. Овие Cookies од трети лица се поставени, меѓу другото, и за да помогнат да Ви се прикаже рекламата која би можело да Ве интересира, како и за да се спречи постојано гледање на истите реклами. Воедно, води истражување во однос на корисноста на одредена реклама за Вас. Оваа политика на приватност се однесува само на нашaтa веб-страницa. Cookies од трети лица и интернет патоказите се користат под услови на политиките за приватност на огласувачот– третото лице, а не под услови на оваа политика. Повеќето интернет пребарувачи се поставени да прифаќаат Cookies, но доколку сакате, може да го одбиете оставањето на Cookies на Вашиот компјутер преку употреба на соодветни можности на софтверот на интернет пребарувачот (доколку го има) за бришење на Cookies. Сепак, треба да знаете дека одредени делови во веб-страницата може да не функционираат правилно ако интернет пребарувачот не ги прифаќа или ако ги избришете Cookies. Податоците добиени од огласувачите и од нивните партнери ќе се користат на поефикасен начин за да се информираат корисниците за нивните производи и/или услуги.
Малолетни лица (деца)
Оваа веб-страница не е примарно наменета за лица под осумнаесет (18) години, односно за деца. Според тоа, нема свесно да собираме или да објавуваме податоци од деца без согласност од родител или старател, ниту пак ќе ги објавуваме на трето лице. Им препорачуваме на родителите, односно старателите да ги учат своите деца за безбедно користење на интернетот и давањето на лични информации.
Заштита на податоците на веб-страницата
Ние имаме имплементирано бројни безбедносни карактеристики низ целата веб-страница, дизајнирани за да се заштитат информациите што се одржуваат на нашиот систем од неовластено давање, користење или пристап до личните податоци. Пристап до личните информации собрани од корисниците имаат само овластени лица кои се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци. Понатаму, кога првпат пристапувате на нашата веб-страница или пристапувате до Вашите податоци преку неа, ОСП Ви нуди опција да користите обезбеден сервер, кој ги енкриптира податоците кои ги внесувате пред да ги испрати до ОСП. Сепак, иако ОСП се труди да создаде сигурна и веродостојна веб-страница за своите корисници, не можеме да ја гарантираме доверливоста на секоја комуникација или материјал кој се пренесува до и од ОСП преку неа или е-меил и не сме одговорни за дејствијата кои би ги преземале трети лица со примените информации. Кога внесувате каков било личен податок, треба да сте свесни за фактот дека тој е потенцијално видлив за јавноста, и следствено на тоа, може да го земат и употребат и други лица без согласност на корисникот. Според тоа, корисниците треба внимателно да размислат дали сакаат да дадат лични податоци и осетливи информации кои не сакаат да бидат откриени на јавноста и треба да се свесни дека употребата на интернетот и на оваа веб-страница е единствено на нивен ризик. ОСП не може да ја гарантира заштитата на личните податоци кои се пренесуваат преку интернет, на и од нашата веб-страница, ниту пак е одговорнa за дејствијата на трети лица. ОСП ги предупредува своите корисници да бидат внимателни и одговорни кога се вклучени на интернет.
Право на избор на користење или откажување од системот за собирање и/или дистрибуција на податоци на ОСП
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате. Пристапот до веб-страницата, регистрацијата и давањето на личните податоци е доброволен. Според тоа, корисниците на оваа веб-страница можат да се откажат од споделувањето на нивните податоци со трети лица или да побараат отстранување на нивните лични податоци од базата на податоци на ОСП (како што е опишано подолу) или можат да се откажат од користењето со кликнување на врската „откажи“ во секој е-меил којшто ќе го испрати ОСП. Како што е напоменато погоре, собирањето, употребата и дистрибуцијата на лични податоци во голема мера ни помага да создадеме релевантни и индивидуализирани услуги. Без употреба на лични податоци, не може да доставиме услуги на најдобар начин. Во секој случај, ако одлучите да НЕ оставите некои од личните податоци имајте во вид дека може да не Ви бидат достапни некои делови од нашата веб-страница.
Објавување на лични податоци на трети лица
Ние нема да ги објавуваме Вашите лични податоци, освен што може да ги споделиме со трето лице кое има склучено договор со нас, вклучувајќи и застапници, огласувачи и други правни работници, во случаи утврдени со закон, во случај на деловно преземање и спојување или друго слично префрлување или ако е поинаку дефинирано во Политиката на приватност. Напоменуваме дека нема да бидеме одговорни за дејноста или политиката на приватност на кое било трето лице. ОСП го задржува правото да ги сподели или префрли Вашите податоци при регистрација или други податоци, во случаи утврдени со закон или по барање на судот, на надлежните служби кога е неопходно за истрага и спречување на нелегална дејност која може да нè изложи нас или Вас на одговорност.
Врски со ТРЕТИ интернет страници и доверливост на податоците
Како дополнителна услуга за своите корисници, ОСП на својата веб-страница може да вклучи различни програми и алатки креирани и администрирани од трети лица („Трети интернет страници“) од каде што, на пример, ќе имате можност на се надградувате, едуцирате, информирате, вмрежувате и соработувате или да добиете корисни информации во врска со потенцијални состојби. Употребата на третите интернет страници е Ваш избор и зависи од Вашата одлука. Доколку ги користите екстерните линкови за да пристапите до веб-страниците на трети лица, треба да знаете дека овие веб-страници не се предмет на Политиката на приватност на ОСП така што не сме одговорни за нивното работење. Според тоа, доколку одлучите да ги употребувате, пред да пристапите на некоја од веб-страниците проверете ги: политиката на приватност на таа веб-страница и начинот и условите на работењето на третите лица, бидејќи тие имаат свои сопствени политики на приватност, заштита и користење на податоците. Ако изберете да користите една или повеќе од овие интернет страници, тогаш секој податок кој го давате како дел од таа страница, како и Вашите податоци при регистрација, ќе му бидат достапни на третото лице кое ја администрира инернет страницата. ОСП ќе ја задржи приватноста на Вашите податоци со кои располага во согласност со важечките прописи во Република Северна Македонија, но не сме одговорни за начинот и условите на работењето на трети лица. ОСП не може да гарантира дека третото лице ќе ја задржи приватноста и заштитата на правните податоци, дури и ако третото лице ветило дека ќе се придржува кон важечките прописи за приватност и заштита на личните податоци. Напоменуваме дека ние не сме сопственици на производите и услугите кои Ви се нудат на нашата веб-страница. Според тоа, не може да бидеме одговорни за дадениот квалитет или за можните недостатоци на производот и/или услугата или за проблемите од нивното користење. Одговорноста за ова е на огласувачот.
Промени на политиката на приватност
ОСП го задржува правото на промени на политиката или на дејностите што ги врши, вклучително и Политиката на приватност, во кое било време. Текстот на промените на Политиката на приватност се објавува во овој дел и влегува во сила со денот на објавувањето. Ваша задача е да го посетувате овој дел и да ги проучите и проверувате промените.
Напомена: Политиката на приватност може да се разликува од земја до земја учесничка. Ги молиме корисниците кои пристапуваат до веб-страницата од различни земји, да се информираат за политиката на приватност на нивниот јазик. Пристапот и користењето на веб-страницата од Ваша страна, по извршените промени, за нас значи дека ги прифаќате и промените и условите што се направени во делот Политика на приватност. Корисниците на нашата веб-страница можат да се информираат за сите измени и дополнувања на делот Политика на приватност на следниов линк http://seobservatory.org/seo-privacy-policy/.
Промена на податоците
Корисникот може во секое време да контактира со ОСП преку е-меил и да побара промена на личните идентификациони податоци кои ги дал, како и да побара бришење и отстранување на личните податоци од базата на податоци на ОСП. Барањата можете да ги испратите на следната е-меил адреса, info@seobservatory.org. Во барањето наведете го Вашето име и презиме, адресата, е-меил адресата и податоците кои сакате да ги промените. Во случај кога ќе добиеме вакво барање, може да побараме од Вас да ги потврдите сите промени во личните податоци.
Право на информации или како да не контактирате
Сите прашања од корисниците во врска со Политиката на приватност или со употребата на личните податоци може да ги испратите до ОСП на следната е-меил адреса: info@seobservatory.org. Одговорите на поставените прашања ќе ги добиете во рок од 24 часа од приемот на прашањето.